Достапни линкови

logo-print

И Грците кои летуваат во Македонија биле „предавници“


„Странците доаѓаат, Грците одат“, е наслов на текст објавен во електронскиот весник „репортер.гр“, за Грците кои преферираат да го поминат својот одмор во Македонија, наспроти големиот број странци кои летуваат на Халкидики.
Според „Репортер“ кој пак се повикува на релевантни извештаи, јасно е дека Грците од северна Грција не се расположени да ги плаќаат високите цени во хотелите на Халкидики, скапите ресторани во областа и прескапите пијалоци во ноќните клубови. Затоа, тие повеќе сакаат да одат во Гевгелија.
Сајтот ја опишува Гевгелија како град во близина на македонско-грчката граница кој е полн со казина во кои посетители се претежно Грци.
Според него, Грците при враќањето од Гевгелија, исто така ги полнат и резервоарите на своите автомобили, затоа што бензинот во Македонија чини „само 1,40 евра“.
Текстот, како и сите други написи на оваа тема, секогаш предизвикуваат бурни рекации од читателите кои коментираат дека „таквите Грци се предавници и наместо парите да ги трошат во својата земја, тие избираат да ги богатат скопјаните“.
XS
SM
MD
LG