Достапни линкови

Хрватска - во пензија со 67 години старост или 41 година стаж


Mинистерот за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ.

Mинистерот за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ.

За целосна пензија во Хрватска ќе бидат потребни 67 години живот или 41 година работен стаж, изјави денеска министерот за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ.
Тој рече дека од наредната година во целосна пензија можат да одат работници кои сега веќе имаат 41 годинс стаж, а немаат доволна возраст за пензионирање.
Согласно Нацрт-законот за труд, отказ би можел да добие работник кој не прифаќа пониска плата, бидејќи е поедноставена процедурата за откази, додека на работодавците им се отвора можност за воведување флексибилно работно време - до 60 часа неделно.
Од друга страна, работниците би можеле да покренат штрајк, и во случај платата да им доцни само еден ден.
Мрсиќ наведе дека со новиот закон за труд, кој би требало да стапи во сила од 1 јануари 2014 година, ќе се настојува максимално да се заштитат работниците, а на работодавците ќе им се овозможи полесно да ги реструктуриаат претпријатијата
XS
SM
MD
LG