Достапни линкови

Сирија - ОН да ја истражат употребата на отровен гас


Сириските опозициски активисти соопштија дека сили лојални на Претседателот Башар ал Асад користеле хемиско оружје за време на ракетен напад врз предградија на Дамаск во кој загинале десетици луѓе. Сириската обсерваторија за човекови права со седиште во Лондон ги повика експертите на ОН, кој во неделата допатуваа во Сирија, да покренат истрага за тоа кој е одговорен за ова бомбардирање со отровен гас.
Според друга сириска опозициона група „Локален координативен Комитет“, стотици луѓе загинале во нападот.
Овој извештај во моментов не може да биде потврден. Властите и опозицијата се обвинуваат за користење хемиско оружје во речиси 30 месечната граѓанска војна.
XS
SM
MD
LG