Достапни линкови

Ирак - бомбашки напади во неколку градови


Амара -архива

Амара -архива

Ирачките власти соопштија дека во одвоени напади со автомобили бомби во три јужни градови загинале најмалку 10 луѓе а биле ранети десетици.
Според полицијата, најсмртоносниот напад бил во Амара каде автомобилот експлодирал во бизнис центар, при што загинале 4 цивили, а 42 – ца биле ранети. Во друга операција јужно од Киркук пак, биле убиени 5 милитанти, а 116 биле заробени.
Премиерот Нури ал Малиќи минатата недела вети решителни акции против малцинските сунитиските милитанти, кој тој ги нарече терористи.
Според Обединетите Нации, во јули во насилствата загинале 157 луѓе.
XS
SM
MD
LG