Достапни линкови

Состанок на министрите на ЕУ за кризата во Египет


Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат состанок на кој ќе се разговара за кризата во Египет.
Унијата размислува дали да ја прекине помошта за Каиро по операцијата на египетската армија против поддржувачите на соборениот претседател Мухамед Морси. ЕУ е најголемиот трговски партнер на Египет и минатата година вети околу 5 милијарди евра во заеми и помош за Египет. Претставниците на ЕУ соопштија дека Брисел исто така размислува дали да воведе ембарго за оружје за Египет.
Во Вашингтон вчера, претседателот Барак Обама се состана со својот тим за национална безбедност со кој дискутираше за тоа дали да се намалат средствата кои Соединетите Држави секоја година ги даваат на Египет.
Во меѓувреме, САД го критикуваше апсењето на лидерот на Муслиманското братство Мухамед Бади, во врска со наводите за иницирање на насилство и убиство.
XS
SM
MD
LG