Достапни линкови

logo-print

Водата што протекува од Фукушима е опасна


Јапонската нуклеарна регулаторна агенција соопшти дека токсичната вода што тече од оштетената нуклеарна централа Фукушима е посериозна отколку што првично се проценува. Нуклеарната агенција го класифицираше овој инцидент како многу сериозен, за разлика од претходните проценки на ниво на аномалија. Операторот на централата изјави дека околу 300 тони на контаминирана вода со многу високо ниво на зрачење протекле од резервоар во Фукушима. Аналитичарите ја нарекуваат најсериозна нуклеарна несреќа по онаа во Чернобил. Реактори во централата Фукушима претрпеа топење откако централата беше погодена од земјотрес и цунами во март во 2011 година.
XS
SM
MD
LG