Достапни линкови

logo-print

Пресуда за војникот кој оддавал доверливи информации


На американскиот војник Бредли Менинг, обвинет за оддавање илјадници доверливи владини документи на Викиликс денеска ќе му суди Воениот суд. Менинг беше обвинет за 20 точки од обвинението во јули вклучувајќи шпионажа и кражба, но не и за повеќето сериозни обвинувања за помагање на непријателот.
Менинг може да се соочи со 90 години затворска казна иако обвинителите побараа тој да биде осуден на 60 години.
Објавувањето на документите на Викиликс и нејзиниот основач, Џулијан Асанж, го свртеа центарот на вниманието на маеѓународната јавност и предизвикаа големи дебати за довербата во владините тајни. Меѓу класифицираните материјали кои ги шокирааа многумина во целиот свет беше видео снимката од еден американски напад во Багдад со хеликоптер, во кои најмалку девет лица беа убиени, вклучувајќи и фотограф на агенцијата Ројтерс и неговиот возач.
XS
SM
MD
LG