Достапни линкови

logo-print

Над милион барања за билети за светското фудбалско првенство


Светското фудбалско тело ФИФА соопшти дека повеќе од еден милион барања за билети за светското првенство догодина биле побарани во првите седум часа од јавната продажба. Првата фаза на продажба за турнирот за следната година ќе трае до 10 октомври, а само во текот на вчерашниот ден пристигнале нови 163 000 барања за билети. ФИФА информираше дека повеќето барања за билети биле од Бразил, Аргентина, САД, Чиле и Англија. Цените на билетите за меѓународните навивачи се движат од 440 до 990 долари, додека цените за натпреварите во групната фаза се од 90 до 175 долари.
XS
SM
MD
LG