Достапни линкови

logo-print

Груевски и Заев не придонесоа за решение


Седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември. На седницата покрај членовите присуствуваа и премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември. На седницата покрај членовите присуствуваа и премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Проширената среба на Комисијата за 24 декември на која присуствуваа и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не вроди со плод, од утре нови разговори.

По денешната седница на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември, на која присуствуваа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Груевски и Заев, разговорите продолжуваат утре. Ова е епилогот од неколку часовната средба во обид да се постигне согласност за Извештајот што треба да го изготви Комисијата. Претседателот на Комисијата во оставка, Борче Давитковски изјави дека се договориле да се продолжи со работа утре и оти тој и странскиот експерт ќе имаат одделни средби со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.
Преговорите продолжуваат и некои детали треба да се прецизираат на одделните средби, а ако има потреба и во четврток и на заедничката средба во петок да се заврши работата.

„Преговорите продолжуваат и некои детали треба да се прецизираат на одделните средби, а ако има потреба и во четврток и на заедничката средба во петок да се заврши работата, изјави Давитковски по средбата.

На новинарско прашање дали странските експерти имаат ставено предлог на маса за двете страни, Давитковски одговори дека такво нешто нема.
Премиерот Никола Груевски присуствуваше на седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.

Премиерот Никола Груевски присуствуваше на седница на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември.


Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред седницата изјави дека СДСМ ги исполни своите обврски од првомартовскиот договор.

„Очекувам овие денови Комисијата да продолжи да работи и да донесе заклучоци со кои ќе се констатираат уставни прекршувања и прекршувања на законите на Собранието“, рече Заев.
Очекувам резултат од дијалогот и се надевам дека СДСМ ќе ја препознае важноста, пред се за државата, од успешното завршување на овој дијалог, ќе ги надмине теснопартиските интереси.

Груевски очекува резултат од дијалогот.

„Очекувам резултат од дијалогот и се надевам дека СДСМ ќе ја препознае важноста, пред се за државата, од успешното завршување на овој дијалог, ќе ги надмине теснопартиските интереси и ќе успееме во наредните четири дена да дојдеме до решение.“

На седницата, која се одржи во Клубот на пратениците, покрај Груевски и Заев и членовите на Комисијата, присуствуваа и шефот на кабинетот на премиерот Груевски, Мартин Протоѓер и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, како и претставник од Брисел.

Груевски и Заев на вчерашната средба се договорија крајниот рок за постигнување согласност да биде пролонгиран до петок, по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG