Достапни линкови

Самарас на средби со министрите


Грчкиот премиер Андонис Самарас одржа средба со 11 министри со кои дискутираше за обврските на секој од нив пред следната проценка што треба да ја направат меѓународните кредитори во септември. Министерот за реформи во администрацијата Киријакос Мицотакис по состанокот изјави дека се разговарало за сите отворени прашања во министерствата во однос на обврските кои секој ги има преземено, и додаде дека временската рамка за ставање на државните службеници во шемата за мобилност ќе се почитува. Претставниците на тројката меѓународни кредитори (ЕУ,ММФ и ЕЦБ) на 21 септември повторно ќе ја посетат Грција за да направат нова проценка на имплементацијата на реформите кои земјата ги презеде како обврска во замена за финанскиска помош.
XS
SM
MD
LG