Достапни линкови

Почнува судењето на американски војник обвинет за убиство


Американскиот војник обвинет за убиство на 16 авганистански цивили минатата година денеска ќе биде изнесен пред судот на сослушување пред изрекување на казна. Се очекува судскиот процес да трае неколку дена во воена база во Вашингтон. Роберт Бејлс во 2012 година упаднал во две куќи југот на авганистанската провинција Кандахар и ги застрелал цивилите додека спиеле. Мнозинство од убиените биле жени и деца. Бејлс, кој тврди дека страда од пост-трауматско пореметување, е соочен со доживотна казна затвор.
XS
SM
MD
LG