Достапни линкови

Македонија последна по странски инвестиции


Македонија е на последно место по странските инвестиции за 2012 година од земјите во регионот, покажуваат податоците од годишниот извештај на Конференцијата за развој на Обединети нации (УНЦТАД), пренесуваат македонските медиуми. На прво место во регионот е Хрватска во која во 2012 се вложени 1,25 милијарди долари а на последно е Македонија во која истата година дошле 135 милиони долари или речиси десет пати помалку од странските директни инвестиции во Хрватска. Албанија во 2012 година успеала да привлече 957 милиони долари а во споредба со Македонија не е лоша ниту Босна и Херцеговина со 633 милиони.
XS
SM
MD
LG