Достапни линкови

Собранието расправа за законите за медиумите


СДСМ побара да се повлечат од дневен ред двата закони за аудиовизуелни услуги и за медиуми. Откако предлогот да опозицијата не беше изгласан продолжи расправата која ќе трае уште два дена.

Убедени сме дека слободата на изразувањето во Република Македонија не зависи од законодавството и од регулативата, туку од волшебниот корумпиран круг во кој Владата дава пари за владини реклами на медиумите, а тие пак во време на избори се клучни финансиери на власта, рече Јани Макрадули од СДСМ, образложувајќи го барањето на опозицијата да се повлечат од дневен ред на комисијата за транспорт и врски двата закони за аудиовизуелни услуги и за медиуми.
Вас ви смета слободата на изразување во Република Македонија. Носите закони за ограничување на правата на говор во РМ, со ограничување на говорот на пратениците кои никаде не е напишан. И затоа Не ги лажете граѓаните дека некој друг ви е крив за вашата европска перспектива. Фино ви кажува Европската комисија дека ќе се цени она што се прави, а не формалните закони што ги носите.
Јани Макрадули, СДСМ.

„Вас ви смета слободата на изразување во Република Македонија. Носите закони за ограничување на правата на говор во РМ, со ограничување на говорот на пратениците кои никаде не е напишан. И затоа не ги лажете граѓаните дека некој друг ви е крив за вашата европска перспектива. Фино ви кажува Европската комисија дека ќе се цени она што се прави, а не формалните закони што ги носите“, рече Јани Макрадули од СДСМ.
Јавна дебата за законот за медиуми.
Јавна дебата за законот за медиуми.

Откако предлогот да опозицијата не беше изгласан, пратеникот Благоја Стојановски од СДСМ побара од претседателот на комисијата Реџаиљ Исмаили да му објасни како во следните три дена ќе заврши расправата кога само за првиот од нив има поднесено 94 амандмани.

„Сами го донесовте деловникот, сами го напишавте, сега и ова не ви се допаѓа . Ви сметаме? Што сакате да направите? Ова собрание ли е? Што е ова, на што личи? Кој ви дава право за ова? Ајде на почеток сите амандмани да ги изгласаме и да не дискутираме за нив. Исто е. Дали третиот ден ќе го прекршите деловникот или на
Со овие закони крајно ќе се легализира цензурата во земјава. Ние имаме цензура во Република Македонија, повеќе од 90 отсто од медиумите се контролирани од владата, а со овие закони се легализира цензурата. Ние не сакаме да бидеме дел од тоа. А, за ДУИ немам зборови, алал да вие е, за срам да не зборуваме оти срамот кај вас не наоѓа место одамна.
Беким Фазлиу, Демократска партија на Албанците.
почеток, потполно исто е“, рече Благоја Стојановски од СДСМ

Во образложението на Исламили дека за ако нема време, неразгледаните аманмани директно ќе се гласаат, социјалдемократите побараа директно кршење на деловникот кој како што рекоа си го направиле ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Откако конечно почна расправата по амандманите, своја забелешка даде и пратеникот Беким Фазлиу од Демократската партија на Албанците. Тој изјави дека ДПА нема да го поддржи законот оти со него се легализира цензурата во земјава.

„Со овие закони крајно ќе се легализира цензурата во земјава. Ние имаме цензура во Република Македонија, повеќе од 90 отсто од медиумите се контролирани од владата, а со
овие закони се легализира цензурата. Ние не сакаме да бидеме дел од тоа. А, за ДУИ немам зборови, алал да вие е, за срам да не зборуваме оти срамот кај вас не наоѓа место одамна.“
Тоа се наши уметници на кои треба да им го дозволиме правото да снимаат надвор, а сепак да се сметаат како наши дела. Имаме голем број уметници кои се обратија до нас кажаа кои се причините што снимаат во други метрополи, дека имаат подобри услови или покреативни менаџери кои можат тоа да го направат.
Иво Ивановски, министер за информатичко општество.

Од медиумскиот сектор направивте гола политика, партизација, зависни и неслободни медиуми и бизнис, рече Игор Ивановски од СДСМ и забележа на амандманот со кој се дозволува лицата кои работат во одредена телевизија, а имаат и сопствена продукција, да можат да ги продаваат своите продукции на истата телевизија, а објаснуваше и зошто не треба да се дозволи се она што се создава надвор од границите на земјата, да се смета за македонски производ.

„По овој закон српска, турска или било кој друга серија станува македонска како да е произведена во Република Македонија, спротивно на европската директива ме интересира кога Канал 5 ќе пушти некоја турска или било која друга серија дали за неа плаќа царина или ддв, како услуга бидејќи е увезена, а со овој законот ќе се смета дека е произведена во Македонија и по таа логика нема да треба да се плати закон. Знаете колку пари е тоа, незаконски стекнат профит?“, праша Игор Ивановски од СДСМ.

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски објасни дека овој амандман бил прифатен поради македонските уметници кои поради напредната технологија снимааат надвор од земјава.

„Тоа се наши уметници на кои треба да им го дозволиме правото да снимаат надвор, а сепак да се сметаат како наши дела. Имаме голем број уметници кои се обратија до нас кажаа кои се причините што снимаат во други метрополи, дека имаат подобри услови или покреативни менаџери кои можат тоа да го направат и со воведувањето на ставот само Република Македонија нивните дела ќе беа ограничени кога се емитуваат на радуиодифузерите и немаше да се сметаат во таа квота која ние ја наметнуваме со овој закон, каде радиодифузерите задолжително мора да емитуваат 30 проценти македонски содржини, наредната 40, па 50 итн.“, рече министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Расправата за овие закони продолжува и во следниве два дена.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG