Достапни линкови

Прилагодување на училиштата за децата со посебни потреби


Центарот за развој на североисточниот плански регион од Куманово во седум училишта од регионот ќе ги подобрува условите во училиштата за децата со посебни потреби.

Центарот за развој на североисточен плански регион од Куманово во соработка со бугарската Општина Дупница аплицираше и доби еден проект од вториот повик на меѓугранична соработка со Република Бугарија, со скратено име „Заедно“ (“Together”). Инаку, се работи за инфраструктурен проект во износ од околу 500 илјади евра за двете страни, вели Младен Протиќ раководител во Центарот.
Планираме освен што ќе се организираат обуки и нови техники за работа со деца со посебни потреби, во седум училишта во нашиот регион, во петте општини по едно, а во Куманово поради големината и мултиетничноста во две основни училишта, да изградиме пристапна рампа за децата со посебни потреби, лифт за да можат деца со вакви потреби да учат и на втори и трети кат и посебен тоалет за овие деца.
Младен Протиќ, раководител во Центарот за развој на североисточен плански регион од Куманово.

„Ние сме лидер партнер во овој проект што ќе трае две години (потпишан на 16 мај 2013 година) и планираме освен што ќе се организираат обуки и нови техники за работа со деца со посебни потреби, во седум училишта во нашиот регион, во петте општини по едно, а во Куманово поради големината и мултиетничноста во две основни училишта, да изградиме пристапна рампа за децата со посебни потреби, лифт за да можат деца со вакви потреби да учат и на втори и трети кат и посебен тоалет за овие деца “, вели Протиќ.
Младен Протиќ.
Младен Протиќ.

Тој додава дека според законските обврски сите јавни установи во нашата држава ќе мора да изградат ваква инфраструктура за олеснување на пристапот на лицата со посебни потреби, а Центарот за развој на североисточен плански регион ќе им помогне на општинските буџети. Училишните објекти во овој регион се прилично стари, некои од нив се реновирани, реконструирани или надоградени, со што се наметнува прашањето како тоа ќе биде реализирано. Протиќ објаснува:
Немаме таков податок, но во 70 отсто од овие училишта има. Меѓутоа, кога го правевме проектот, според видливоста, оддржливоста на пример, тоа не значи дека ако оваа учебна година нема, дека в година нема да има.
Младен Протиќ, раководител во Центарот за развој на североисточен плански регион од Куманово.

„Тоа воопшто не зависи колку училишниот објект е стар, постои посебен дел поставен на самиот влез. На пример во основното училиште „Толи Зордумис“ ќе има две пристапни рампи и од едната и од другата страна, а до двата санитарни јазли ќе има уште еден. Ништо нема да се урива, тоа се е проектирано и така од Комисијата за овие проекти е одобрено.“

Според Протиќ во Куманово освен ОУ „Толи Зордумис“ каде наставата се одвива на македонски и на албански јазик инфраструктурните услови ќе бидат обезбедени и во ОУ „Бајрам Шабани“ со настава само на албански јазик.

„Ние баравме училишта кои имаат имотен лист и во кои е изводливо реализирање на овој проект.“

РСЕ: Имате ли податок колку деца има со посебни потреби?

„Немаме таков податок, но во 70 отсто од овие училишта има. Меѓутоа, кога го правевме проектот, според видливоста, оддржливоста на пример, тоа не значи дека ако оваа учебна година нема, дека в година нема да има.“

Училиштата во Македонија кои до сега инвестирале во вакви проекти сега се успешни и често добиваат пари од фондовите на Европската унија и за други потреби, бидејќи, како што вели Протиќ тие мислеле на оваа голема и хумана работа и со ваквата постапка ќе привлекуваат поголем број ученици.

Центарот за развој на североисточен плански регион освен Општината Куманово ги опфаќа и Кратово, Крива Паланка, Старо Нагоричино и Липково.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG