Достапни линкови

Хејгел: египетската влада да работи на помирување


Чак Хејгел

Чак Хејгел

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека преодната египетска влада мора да вложи напори за помирување. „Насилството мора да престане, вонредната состојба мора да биде укината“ изјави Хејгел по средбата во Вашингтон со неговиот кинески колега Чанг Ванчуан. Тој додаде дека се преразгледуваат сите аспекти на американската соработка со Египет, но оти таа соработка треба да продолжи заради напредокот на израелско палестинските преговори кои беа покренати во минатиот месец. „Имаме интереси на Блискиот Исток, вклучувајќи го и решавањето на израелско палестинското прашање. Значи продолжуваме да работиме со египетската преодна влада и со војската“, рече Хејгел.
XS
SM
MD
LG