Достапни линкови

Грција ги осуди инцидентите во Пермет и Ѓирокастро


Грција ги осуди инцидентите во албанските градови Пермет и Ѓирокастро и го повика албанскиот амбасадор во Атина за да му врачи протестна нота. Атина ги означи како недозволиви судирите во градот Пермет меѓу православните христијани и полицијата, испратена за да биде спроведена одлуката на Врховниот суд за враќање на православниот храм на општинските власти. Во соопштението на грчкото Министерство за внатрешни работи се изразува загриженост и поради нападите од страна на непознати лица, кои со камења гаѓаа кон генералниот конзулат на Грција во градот Ѓирокастро. Во нападите се ранети двајца Грци, а врз објектот е нанесена материјална штета. Ситуацијата во Пермет, според грчките медиуми, се уште е тензична. Православните христијани се уште се наоѓаат во зградата.
XS
SM
MD
LG