Достапни линкови

За 5 дена 30 илјади бегалци од Сирија во Ирак


ОН соопштија дека од четвртокот повеќе од 30 илјади бегалци од Сирија влегле во северен Ирак. Портпаролот на УНХЦР во регионот на ирачките курди Јусеф Махмуд изјави дека бројот пораснал на 30 илјади со дополнителните 3 илјади лица кои пребегале вчера.
Бранот на бегалци, повеќето од нив сириски курди, доаѓа по интензивирањето на борбите меѓу исламски групи и курдски милиции во североисточна Сирија. Во Ирак веќе има регистрирано околу 154 илјади бегалци од Сирија.
УНХЦР соопшти дека близу 2 милиона Сиријци ги напуштиле своите домови за време на 29-месечниот конфликт, а повеќето од нив пребегале во Јордан, Турција и во Либан.
XS
SM
MD
LG