Достапни линкови

Големи поплави во Русија, дождот и натаму врне


Големите поплави во рускиот далечен исток предизвикале евакуација на повеќе од 19 илјади луѓе од регионите Амур, Хабаровск и Еврејската автономна област. Нивото на реката Амур достигна рекордна вредност во Хабаровск, град со 600 илјади жители, а дождот и натаму врне.
Руското министерство за земјоделство соопшти дека повеќе од половина од приносите се уништени од поплавите.
Регионалниот гувернер Олег Кожемјако изјави дека околу 500 километри патишта и неколку мостови се уништени, додека 38 села се отсечени од светот.
XS
SM
MD
LG