Достапни линкови

Времето сончево, попладне можен пороен дожд


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи особено во западните подрачја.
Утринската температура се движи од 10 до 19, а дневната ќе биде од 28 до 37 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.
XS
SM
MD
LG