Достапни линкови

Шулц: Да се намалат каматите на кредитите за Грција


Меѓународните кредитори треба на Грција да и дадат повеќе време за намалување на задолженоста преку кредити кои на Атина и беа доделени за борба со кризата, како и да се намалат каматите за нив, изјави претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, во интервју за германскиот весник „Цајт онлајн“. Според германскиот политичар, ако тоа и помогне на Грција да го консолидира својот буџет, тогаш овој чекор е неопходен. Претседателот на ЕП ја подвлече и улогата на европските банки кои, според него, треба поактивно да бидат привлечени кон борбата со кризата во монетраната унија.
XS
SM
MD
LG