Достапни линкови

И по измените „Купи куќа, купи стан“, неуспешен


Министерот за финансии Зоран Ставрески го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“. 26 јануари 2012.
Министерот за финансии Зоран Ставрески го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“. 26 јануари 2012.

И по неколкуте прилагодувања на владиниот проект, одзивот покажува дека финансиската моќ на граѓаните е многу мала и тоа проектот го прави неприменлив и неуспешен, коментираат есксперите.

И покрај тоа што Владата правеше неколку пати прилагодување на условите во проектот „Купи куќа купи стан“, одзивот покажува дека финансиската моќ на граѓаните во земјава е многу мала и тоа проектот го прави неприменлив и неуспешен, коментираат дел од есксперите. Зошто тој и покрај тоа и натаму продолжува е прашање кое се поставува, коментира Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешанал.
Ако нешто нема никаков резултат, нема ефекти, нема бенефит за никого, тоа се значи лоши проекти. Таквите проекти треба да се прекинат, а не да се туркаат понатаму, затоа што секој треба да биде одговорен за тоа што го работи. Е сега, прашањето е зошто се инсистира ова да се продлжи.
Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернешанал.

„Прашањето е кој треба да оствари корист од тоа целото. Ако нешто нема никаков резултат, нема ефекти, нема бенефит за никого, тоа се значи лоши проекти. Таквите проекти треба да се прекинат, а не да се туркаат понатаму, затоа што секој треба да биде одговорен за тоа што го работи. Е сега, прашањето е зошто се инсистира ова да се продлжи.“

Засега е јасен само одговорот на прашањето зошто проектот не оди. Граѓаните немаат финансиска моќ, имаат најчесто ниски плати и неизвесни работни места за да можат да влезат во ваква инвестиција, вели Тасева. Оттаму таа не верува дека во оваа ситуација мотивите да се продолжи со проектот се интересите на граѓаните.

„Верувам дека станува збор за нечии интереси, ама не интерес на граѓаните.“
Па веројатно на Владата и требаат кампањи, дека се грижи многу за народот и дава субвенции преку буџетот, не сака да признае дека овој проект беше лошо осмислен и лошо реализиран и повторно се инсистира на истиот.
Маријанчо Николов, СДСМ.

Опозицијата, пак, останува на своите тврдења дека проектот од самиот почеток е погрешно поставен така што финансиската моќ на граѓаните сега го доведува под знак прашање и дека тој според упорноста на власта сепак да опстане на идејата за негова реализација претставува дел од нејзината кампања.

„Па веројатно на Владата и требаат кампањи, дека се грижи многу за народот и дава субвенции преку буџетот, не сака да признае дека овој проект беше лошо осмислен и лошо реализиран и повторно се инсистира на истиот, па ако сега на тоа се надоврзе и дека идат и избори, веројатно Владата смета дека на овој начин ќе привлече и дел од гласачкото тело“, изјави Маријанчо Николов од СДСМ.

Според неговите проценки последните информации од страна на министерот за финансии, Зоран Ставрески за изградбата на нови 330 станови од страна на Акционерското друштво за стопанисување со станбен простор по цена од 795 евра за квадрат е обид да се поврати инвестираниот капитал кај државниот претпријатие. Министерот Ставрески во својата изјава рече дека овие станови се решение за оние кои за голем проблем го посочуваат неможноста да најдат стан под 900 евра колку што е условот за кредитот. Неодамна владата направи измена во станбените субвенции за неповрат на дел од парите за учество.
XS
SM
MD
LG