Достапни линкови

logo-print

Погубени 17 затвореници во Ирак


Властите во Ирак погубија 17 затвореници обвинети за тероризам. Меѓу обвинетите биле и две жени и жител на Египет, изјави министерот за правда Хасан ал Шамари. Според него, шеснаесетмина од затворениците биле обвинети за тероризам. Обединетите нации и организациите за човекови права ги критикуваат властите во Ирак за примената на смртната казна, тврдејки дека многу осомничени се изјаснуваат за виновни по тортура.
XS
SM
MD
LG