Достапни линкови

Младинскиот оркестар на ЕУ по прв пат во Македонија


Macedonia - Youth Orchestra of the European Union.

Macedonia - Youth Orchestra of the European Union.

Како своевиден ексклузивитет на годинешното „Скопско лето“ и на манифестацијата „Скопје се сеќава“ со која се одбележува 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес, утре во 20 часот, во Салонот на Македонската опера и балет, по прв пат во земјава ќе настапи Младинскиот оркестар на Европската унија, еден од најдинамичните во светот и ансамблот што го сочинуваат музичари од сите земји членки на заедницата.

120 музичари од сите 28 земји-членки на Европската унија, членови на нејзиниот Младински оркестар, во рамките на својата Летна турнеја 2013, по прв пат ќе настапат во Република Македонија. Тие, под раководство на Томас Сондергард од Данска, патем главен диригент на Големиот оркестар на Би-би-си и на Националниот оркестар на Велс и член на Младинскиот оркестар до крајот на 1980, во МОБ ќе изведат три класични дела: Веберовиот „Вовед во танцот“ ( со оркестрација на Хектор Берлиоз), суитата од мјузиклот „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и музиката од балетот-бурлеска „Петрушка“ на Игор Стравински (верзијата од 1947 година).
Во редовите на Младинскиот оркестар се младите луѓе кои го минуваат својот транзициски период од животот – кога од академски граѓани стануваат вистински професионалци. Инаку, кога гостуваме во различни средини нам ни е важно не само да ја донесеме инструменталистичката совршеност што ја поседуваат овие луѓе туку да ја презентираме и самата Европска унија како заедница која почива на идејата за мир и за соработка.

Британецот Маршал Маркус, новоназначениот извршен директор на Младинскиот оркестар чија основна задача е не само да ги продолжи досегашните достигнувања туку и да го води ансамблот во периодот на иновација и развој, истакнува дека во него членуваат млади репродуктивни уметници на возраст до 25 години кои се избираат на аудициите од октомври до март секоја година и кои се при крај на студиите на академиите во различните земји.

„Во редовите на Младинскиот оркестар се младите луѓе кои го минуваат својот транзициски период од животот – кога од академски граѓани стануваат вистински професионалци. Инаку, кога гостуваме во различни средини нам ни е важно не само да ја донесеме инструменталистичката совршеност што ја поседуваат Маршал Маркус, извршен директор на Младинскиот оркестар на ЕУ.

Маршал Маркус, извршен директор на Младинскиот оркестар на ЕУ.

овие луѓе туку да ја презентираме и самата Европска унија како заедница која почива на идејата за мир и за соработка. Од таму опиплива метафора за тоа се различните култури кои заедно идеално функционираат на сцената. “

За нас е исклучително важно да го искористиме Оркестарот за да воспоставиме контакт помеѓу земјите, помеѓу нациите. Затоа би сакал следното лето него да го видам и да го слушнам во Охрид, Битола или на некоја од другите ваши летни културни манифестации. Преку овој проект сакаме да ги инволвираме и младите македонски музичари да земат учество во работата на Оркестарот за убава прилика за тоа ќе биде резиденцијата што ја планираме за следната турнеја и која што треба да се одржи во Австрија.
Уште од основањето од Џој Брајер во 1976 година, во изминативе 47 години со Клаудио Абадо како прв музички раководител, па потем и со Бернард Хаитинк и сегашниот директор - маестро Владимир Ашкенази, Младинскиот оркестар на Европската унија израсна во еден од најдинамичните и најпрестижните светски оркестри. Низ него досега поминале над 3.000 дипломирани студенти правејќи потем кариери на врвни репродуктивни уметници, а на глобален план тој има остварено плодни соработки со некои од најголемите имиња од класичната музика како Даниел Баренбоим, Херберт фон Карајан, Мстислав Ростропович и други.
Како културен абасадор на Европската унија, претставувајќи ги младите музички таленти од Стариот континент, Младинскиот оркестар со успех настапувал од Њујорк до Левкозија, од Сеул до Сао Паоло, од Москва до Мумбаи, а критичарите на најтиражните светски весници го опишуваат како „елитна институција од посебен ков“.

Несекојдневните перформанси на овој ансамбл во водечките концертни сали и на фестивалите ( независно дали со него диригираат Ашкенаџи, Сондергард или Пољакот Кшиштоф Урбански) му носат и бројни награди од кои посебно бележити се „Олимпија“ што му ја додели Фондацијата на Александар С. Оназис, онаа на Европската иницијатива, грантовите наменети за млади уметници и други.

Посебно важно е и тоа што со ова гостување и официјално ќе започне „Проект Македонија“, тригодишната програма која ќе се одвива во периодот 2013 – 2015 година и која како партнери ја потпишуваат Младинскиот оркестар на Европската унија, „Скопско лето“ и Музичката младина на Македонија. Нејзината цел е да се продлабочи соработката помеѓу овој ансамбл и поголемиот број на културни институции во нашава земја, а во рамките на проектот треба да се обистинат голем број на формални и неформални настани, културни изучувања и размени.

„За нас е исклучително важно да го искористиме Оркестарот за да воспоставиме контакт помеѓу земјите, помеѓу нациите. Затоа би сакал следното лето него да го видам и да го слушнам во Охрид, Битола или на некоја од другите ваши летни културни манифестации. Преку овој проект сакаме да ги инволвираме и младите македонски музичари да земат учество во работата на Оркестарот за убава прилика за тоа ќе биде резиденцијата што ја планираме за следната турнеја и која што треба да се одржи во Австрија“, дополнува Маршал Маркус.

Запрашан зошто Младинскиот оркестар на Европската унија на својот репертоар нема современи дела од младите композитори, тој со политички одговор дека „Европската унија својата иднина ја темели почитувајќи ги минатото и традицијата“, но и со дополна дека „идејата е интересна и дека во иднина на неа вреди малку подетално да се поработи“.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG