Достапни линкови

До петок да се објави за извештајот за 24 декември


Премиерот Никола Груевски се сретна со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев. Средбата се одвиваше зад затворени врати. Во заедничкото соопштение се наведува дека на состанокот се разгледувале можностите за прдвижување на процесот околу расветлување на инцидентот во собранието од 24 декември. „На средбата беше договорено, досегашниот краен рок за постигнување согласност за извештајот на комисијата, 14 август, да се пролонгира и истиот да биде до петок, 23 август по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение. За договорените активности во наредниот период јавноста ќе биде навремено информирана“ се наведува во соопштението од владиниот сектор за односи со јавност.
XS
SM
MD
LG