Достапни линкови

logo-print

Најавени разговори за Египет во Брисел


Министрите за надворешни работи од земјите членки на Европската унија ќе се состанат на разговори за состојбата во Египет во среда. Одлуката е донесена на состанокот на дипломатите од дел од земјите членки на Унијата кои денеска одржаа прелиминарни разговори за немирите во Египет. Претседателите на Европскиот совет и Европската комисија Херман ван Ромпуј и Жозе Мануел Баросо изразија загриженост од случувањата во земјата. Брисел предупреди дека сериозно ќе ги ревидира односите со Каиро по убиствата на 830 лица во текот на минатата недела во судирите меѓу припадниците на безбедносните сили и подржувачите на отстранетиот претседател Мухамед Морси.
XS
SM
MD
LG