Достапни линкови

Бесплатниот одмор во Струга со фалинки


Дел од родителите на деца со посебни потреби кои ова лето беа на бесплатно летување во Струга, се пожалија на организацијата. Директорот на Одморалиштето вели дека децата со посебни потреби ги имале сите услови.

Иако проектот на Владата за бесплатно летување на повеќе од 2.000 деца од социјално загрозените семејства и деца без родители наиде на голем интерес, дел од родителите на деца со посебни потреби, кои ова лето беа на седум дневен одмор во детското одморалиште Мајски цвет во Струга, се пожалија на начинот на дел од организацијата.
Немавме никакви информации какви активности ќе има, дали ќе има забава, дали ќе се оди некаде. Имаше многу викотници. Исхраната беше за жал лоша, во однос на минатата година. Четири дена јадевме само компири, дали беше пире, дали мусака.

Жижа Бејковска мајка на дете со посебни потреби рече дека минатата година летувањето било подобро организирано.Таа се пожали и на исхраната годинава.

„Минатата година беше многу добро, беа испратени деца кои се грижеа одлично за децата. Оваа година испратија деца кои беа 19 години кои немаа никаква одговорност за децата од социјалната фела и за децата со посебни потреби. Немавме никакви информации какви активности ќе има, дали ќе има забава, дали ќе се оди некаде. Имаше многу викотници. Исхраната беше за жал лоша, во однос на минатата година. Четири дена јадевме само компири, дали беше пире, дали мусака“, вели Бејковска.
Детското одморалиште Мајски цвет во Струга.

Детското одморалиште Мајски цвет во Струга.


И Валентина Пановска е родител на дете со посебни потреби кое една недела престојуваше во Струга.

„За организацијата и јас не сум многу задоволна. Организацијата околу децата, престојот во самото одмаралиште, одење на плажа не беше организирaно како што треба. Немаше на кого да се обратиме. Кој каде стигне одеше. Минатата година ги учеа да пливаат на плажа, имаше многу активности, а сега јас воопшто не бев задоволна
Тоа не е вистина. Веројатно сте налетале на таква личност која сака да критикува. Инаку храната во Мајски Цвет е по листа на јадења изработена од Републички завод за домаќинства и по тие нормативи се подготвува храната.Првпат слушам некој да не е задоволен од храната во Мајски цвет.Ова ме зачудува.
во однос на минатата година“, вели Валентина Пановска родител на дете со посебни потреби.

Бејковска вели дека ова свое незадоволство ќе го пренесе директно до Министерството за труд и социјална политика. Таа вели дека ниту пакетите со облека не биле распределени рамномерно на сите деца кои летувале во Струга.

„Тоа не се подели по список. Се беше како на пазар, кутииите се отвараа и секој кој можеше земаше, некој ништо не зема.Тоа што владата го доделува е одлично, но треба да се оди по список, и секое дете треба да земе по некој поклон и да биде радосно, некој не ни слушнаа дека ќе се дели“, вели Бејковска.

Но дел од дечињата беа задоволни од престојот во Струга.

„Доаѓам од Прилеп и поминав супер. Научив дека најважно е другарството.“

РСЕ: Запозна ли нови другарчиња?

„Да запознав и супер беше.“

РСЕ: Кои ти беа најдобри другари со кои ќе продолжиш да комуницираш?

„Со Ерол и Шукри, ќе продолжиме да комуницираме преку Фејсбук“, рече Марија Станковска ученичка од Прилеп.

Директорот на Мајски Цвет, Јован Паскоски вели дека исхраната била според сите стандарди кои биле пропишани.

„Тоа не е вистина. Веројатно сте налетале на таква личност која сака да критикува. Инаку храната во Мајски Цвет е по листа на јадења изработена од Републички завод за домаќинства и по тие нормативи се подготвува храната.Првпат слушам некој да не е задоволен од храната во Мајски цвет.Ова ме зачудува“, вели Паскоски.

Директорот вели дека и децата со посебни потреби ги имале сите услови во одморалиштето. Тие биле сместувани на првиот кат од објектот, а на самите влезови биле направени пристапни патеки.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG