Достапни линкови

Капетан на брод се изјасни за виновен за несреќа во Сибир


Капетанот на бродот кој удри во товарен чамец, при што загинаа шестмина патници а педесетмина беа повредени, се изјасни за виновен по обвинувањето за негрижа. Капетанот Јури Ратко изјави дека конзумирал алкохол еден ден пред трагедијата, што е во спротивност со прописите. Несреќата се случи во саботата на реката Иртиш во близина на градот Омск во западен Сибир. Локалните власти од областа Омск прогласија ден на жалење во среда на 21 август.
XS
SM
MD
LG