Достапни линкови

Скопје 2014 и натаму со најмногу коментари


Бронзениот споменик на Никола Карев бил платен како да е од мермер.

Бронзениот споменик на Никола Карев бил платен како да е од мермер.

Посетителите на нашата веб-страница најмногу ги коментираат резултатите од првиот извештај на Комисијата која вршеше ревизија на проектот Скопје 2014.

Првиот извештај на Комисијата која вршеше ревизија на проектот Скопје 2014 излезе пред очите на јавноста, градоначалниот на Центар Жерновски ги предаде наодите на јавнто обвинителство, а посетителите на нашата веб-страница продолжуваат да ги коментираат резултатите, како на пример оној дека бронзениот споменик на Никола Карев бил платен како да е од мермер, како што впрочем првично и било планирано.
Тоа што крадат, ко по обичај нека крадат, ама што го нагрдија Скопје, барем да направеа солидни споменици со овие испрани пари.

МКД сугерира дека парите можат да се перат и преку образовни проекти, што би било подобро за сите и смета дека „тоа што крадат, ко по обичај нека крадат, ама што го нагрдија Скопје, барем да направеа солидни споменици со овие испрани пари“.

Незабеган се чуди што само за патувањата на „дизајнерката Вале“, како што ја нарекува, во Италија се дадени милион и 500 илјади евра. Незабеган со прашање ѝ одговара на Гоца која напишала дека „народот знае дека финансиите за проектот се обезбедени од фондот за култура и развој“: „Ова повеќе личи на Фонд за репрезентација на ДПМНЕ,
Македонија била многу богата штом 23 години ја крадат и СДСМ и ДПМНЕ и сè уште има за крадење.
директно од народниот буџет“. Јас смета дека Македонија била многу богата штом „23 години ја крадат и СДСМ и ДПМНЕ и сè уште има за крадење“, а Перо го додава шлагот на тортата: „Потребен ли е воопшто коментар? Само се потврдува она што го знаеме ние кои гледаме без розови очила и размислуваме со својот ум. Протест против сечењето на дрвја во паркот кај Бристол.

Протест против сечењето на дрвја во паркот кај Бристол.

Скопје (Центар) е уништено, со милиони евра испрани преку него. Се надевам дека еден ден некој вистински ќе одговара за ова злодело, насилието врз Скопје и за перењето пари“.
За жал, додека на поголемиот дел од народот мозокот му служи само за одржување на моторните функции, власта максимално ќе го користи тоа.

По прашањето зошто народот ни е немоќен, а власта глува за неговите реакции на нејзините потези, различни мислења, веројатно во зависност од партиската ориентација на нашите коментатори. Пак Перо од Скопје пишува дека не е цел народ немоќен, туку само оној дел што размислува со своја глава. „За жал, додека на поголемиот дел од народот мозокот му служи само за одржување на моторните функции, власта максимално ќе го користи тоа“, смета Перо.

Анонимен потсетува дека власта дошла на власт со волја на граѓаните, а Ставре од Ранковце мисли дека насловот на текстот е бомбастичен, како многу пати досега, вели, „а во него има констатации кои, во најмала рака, не држат“. Редовниот МК Обсервер го обвинува Западот дека е глув за одредени одлуки, како на пример пресудата на Меѓународниот суд на правдата во корист на Македонија.

Интервјуто со Борис Анакиев, професор во пензија на Земјоделскиот факултет во Скопје, кој смета дека министерството за земјоделство го водат неуки луѓе за таа проблематика и дека во земјава не се почитуваат експертите и познавачите на земјоделието, МК Обсервер го искористил да го повтори своето мислење за Радио Слободна Европа, имено, дека „...затоа експертите за Општологија се сеприсутни во медиумов“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG