Достапни линкови

Илјадници сиријци бегаат во Ирак


Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации соопшти дека во изминатите денови иладници сиријски бегалци пристигнале во курдскиот регион во Ирак. Најмалку 15 илјади сиријци влегле во Ирак од вторникот до саботата, веројатно бегајки од борбите меѓу исламските милитанти и курдските сили во Сирија. Околу 2 милиона сиријци ги напуштиле своите домови поради граѓанската војна, а најголем дел од нив побарале засолниште во Јордан, Турција и Либан.
XS
SM
MD
LG