Достапни линкови

logo-print

Истрагата за хемиско оружје во Сирија


Тимот експерти на Обединетите Нации кој пристигна вчера во Дамаск, од денеска ја стартува истрагата за да утврди дали во двегодишниот конфликт е употребувано хемиско оружје. Дваесетчлениот тим е предводен од шведскиот експерт за оружје Оке Селстром. Режимот на претседателот Башар ал Асад и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат за употреба на хемиско оружје. Заменик-министерот за надворешни работи Фаисал Мекдал рече дека Сирија целосно ќе соработува со тимот. Нивната мисија ќе биде ограничена на истрага на наводното користење на хемиско оружје во три области, конкретно во Хан ал-Асал, предградие на Алепо, каде што на 19 март се случи напад за кој претседателот Асад ги обвини бунтовниците. Другите две области се чуваат во тајност.
XS
SM
MD
LG