Достапни линкови

Ситуацијата во Каиро мирна но тензична


Командантот на египетските безбедносни сили, генерал Абдул Фатах ал Сиси изјави дека војската нема да дозволи повеќе насилство во земјата. Во изминативе 4 дена во судири на полицијата со демонстрантите загинаа најмалку 830 луѓе. Причината за судирите беа насилните демонстрации на поддржувачите на соборениот претседател Мухамед Морси. Во меѓувреме, Муслиманското Братство најави дека се откажани неколку планирани собири поради „безбедносни причини“. Доцна синоќа египетските медиуми јавија дека 36 приврзаници на Морси кои беа приведени загинале во обид да побегнат за време на нивниот трансфер од еден во друг затвор. Шефовите на дипломатиите ЕУ најавија за денеска дека ќе оддржат вонредна седница на која ќе ги преиспитаат односите со Каиро.
XS
SM
MD
LG