Достапни линкови

logo-print

Притворен соработник на Сноуден


Еден од соработниците на Едвард Сноуден, поранешен американски разузнавач, Дејвид Миранда беше девет часа притворен на лондонскиот аеродром Хитроу под сомневање за тероризам. Станува збор за партнерот на новинарот од британскиот весник Гардијан Глен Гринвалд кој врз база на инфомации од Сноуден, пишуваше за американската глобална програма за шпионажа на комуникациите. Во натписот на Гардијан е наведено дека Гринвалд е загрижен од постапката на британските власти и дека тие наскоро ќе треба да појаснат зошто го притвориле Миранда. Бразилската влада изрази „ серизона загриженост“ за притварањето на Миранда, кој што е долгогодишен партнер на Гринвалд.
XS
SM
MD
LG