Достапни линкови

logo-print

Во косовската полиција и 280 полицајци од Србија


Приштина се согласи со предлогот на Белград 280 поранешни припадници на српското Министерство за внатрешни работи да бидат дел од косовската полиција во северно Косово, објави приштинскиот весник „Трибуна“. Весникот пишува и дека Приштина се согласила поранешните членови на српското МВР да не положуваат заклетва, ниту да преминуваат преку каква било колективна обука, пред да станат дел од косовската полиција. Информацијата за весникот ја потврдил Дритон Лаиќи, член на приштинскиот тим преговори и советник на косовскиот вицепремиер.
XS
SM
MD
LG