Достапни линкови

Груевски: СДСМ да ја деблокира работата на Комисијата


Премиерот Никола Груевски денеска повторно упати апел до СДСМ да ги надминат внатрешните несогласувања за да се изнајде решение за работата на Комисијата за настаните од 24 декември 2012 година, затоа што, како што вели, блокадата може негативно да се одрази на претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија. Тој додаде дека не претендира за внатрешните прашања во СДСМ но очекува да најдат начин и да и помогнат на државата. Груевски вчера изјави дека извештајот на Комисијата бил речиси готов и пред објавување но работите се искомплицирале со враќањето од одмор на Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG