Достапни линкови

МВР: Вработените во чаирската пошта оставиле отворени врати


Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 10 вработени во „Македонска Пошта“ поради сомнение дека сториле кривично дело “несовесно работење во службата”. Тие се осомничени дека со своето несовесно постапување овоможиле во пошта Чаир две непознати маскирани и вооружени лица да извршат грабеж е нанаведено во соопштението од МВР. Грабежот во чаирската пошта се случил пред еден месец. Две маскирани лица влегле во необезбедена и незаклучена врата од службен влез и украле околу 200 илјади евра. Вработените се осомничени дека овозможиле неконтролирано влегување и излегување од службената врата на поштата. На приведените им е изречена мерка притвор од 30 дена. Од десетмината само на двајца мерката им е изречена во отсуство.
XS
SM
MD
LG