Достапни линкови

Откупот на пченицата не ги исполни очекувањата


Кривогаштани.

Кривогаштани.

Земјоделци, но и откупни фирми се незадоволни од годинешната откупна кампања на житото.

Радован Здравески има 73 години, а цел живот се занимава со земјоделство. И порано и денес егзистенцијата на семејството ја обезбедува со мака, со постојана работа по нивите. Покрај другите култури ова лето посеал пченица и собрал 7 тони. Но, тој не е задоволен, ниту од приносите, а уште помалку од откупната цена на лебното зрно.
Владата рече 14 денари, па од 14 дојде на 9 денари за килограм. Не го предавам, ќе го чувам во амбарите. Да го дадам за 9 денари? Не, нека стои, подобро ќе го дадам на еден сиромашен, нека јаде еден леб, но не и го давам на државата за 9 денари.

„Правев математики на хектар и пол посеано, нула на нула дојде. Слабо е платено житото, ветија 13, 14 денари за килограм, накрај дојде да го платат по 9 денари, како сакаат така го плаќаат. Владата рече 14 денари, па од 14 дојде на 9 денари за килограм. Не го предавам, ќе го чувам во амбарите. Да го дадам за 9 денари? Не, нека стои, подобро ќе го дадам на еден сиромашен, нека јаде еден леб, но не и го давам на државата за 9 денари“, вели Здравкоски.
Радован Здравески.

Радован Здравески.


Тој додава дека не само тој, од годинешната откупна кампања на житото се незадоволни и другите земјоделци. Но, не само земјоделците, од откупот на жито се незадоволни и откупните фирми кои пченицата ја продаваат на мелничарите. Како што вели сопственикот на Дооел Стефан од селото Воѓани, Рубин Благадуша, годинава едвај го реализирале планот за предавање на откупеното жито на мелничарите, бидејќи цените биле премногу ниски.
Цените варираа меѓу 10, 12 и 13 денари за килограм, а мелничарите од нас лебното зрно, го откупуваа по ниски цени. Некако искалкулиравме за да спречиме штети во работењето, а за заработувачка годинава не станува збор.

„Цените варираа меѓу 10, 12 и 13 денари за килограм, а мелничарите од нас лебното зрно, го откупуваа по ниски цени. Некако искалкулиравме за да спречиме штети во работењето, а за заработувачка годинава не станува збор“, вели Благадуша.
Тони Заткоски, градоначалник на Општина Кривогаштани.

Тони Заткоски, градоначалник на Општина Кривогаштани.


Во прилепската подрачна единица на Министерството за земјоделство тврдат дека од произведените преку 9.000 тони, мелничарите откупиле само една третина. Тврдат дека приносите се просечни и изнесуваат 3,2 тони од хектар, со задоволителен квалитет. Но, оваа оценка е спротивна на онаа од земјоделските здруженија, кои забележуваат дека приносите годинава едвај стигнале нешто повеќе од 2 тона од хектар.

За да се надминат проблемите како годинешните, за да се превенираат штети и поголеми проблеми кај земјоделците, во Општина Кривогаштани наскоро ќе се отвори, канцеларија на Министерството за земјоделство и советодавна канцеларија за земјоделците.

„За наредниве 10- 15 дена Општина Кривогаштани ќе отвори канцеларија од невладината организација Македонски центар за меѓународна соработка,каде што е во план да се вработат две лица, се со цел да ги насочува земјоделците во однос на решавање на нивните проблеми, како и за сите лица кои се вклучени во процесот на земјоделство или народски речено аргатлук“, вели Тони Заткоски, градоначалник на Општина Кривогаштани, која наскоро ќе изработи и стратегија за развој на земјоделството.

Според познавачите на приликите, не само оваа, секоја рурална и општина во која поголем дел од населението се занимава со земјоделство, треба да подготви аграрна стратегија.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG