Достапни линкови

logo-print

Пронајдени 20 мртви тела во Мексико


Мексиканските власти соопштија дека пронашле 23 мртви тела. Тие се пронајдени во западно Мексико, каде што од почетокот на годината има војна на нарко-картелите, вооружени групи кои се борат против нив, како и силите за безбедност. Телата на девет лица се најдени со врзани раце во оддалечена област во западната држава Мичоакан, на имот во близина на градот Буенависта Томатлан, а се претпоставува дека жртвите се припадници на картелот „Витези темплари“, јавија американските медиуми. Претседателот Енрике Пења Нието во мај испрати неколку илјади војници и полицајци за да ја преземе контролата врз Мичоакан, но насилството и натаму е присутно.
XS
SM
MD
LG