Достапни линкови

logo-print

Уапсени турски новинари во Каиро


Дописниците на агенцијата Анадолија и на Турската национална телевизија и радио (ТРТ), Хибе Зекерија и Метин Туран, вчера биле уапсени во Каиро, јавува новинската агенција ИТАР-ТАСС. Според агенцијата Анадолија, новинарите се во затворот „Тора“, каде пред две години беше сместен и поранешниот претседател Хосни Мубарак. Се уште не е јасен статусот на репортерите. Зекерија телефонски кажал дека органите на редот ги качиле во блиндирани возила со цел да ги заштитат од толпата, но потоа се покажало дека ги водат кон затворот.Тие вчерашниот ден го поминале во египетската џамија каде што стотици демонстранти седеа забарикадирени. Дописникот на ТРТ веќе неколку дена за националната телевизија во живо, телефонски, известуваше за се што се случуваше во и околу џамијата. Откако вечерта силите за безбедност ја расчистија џамијата , од турските новинари престанаа да пристигнуваат какви и да било вести. Во Турција, во многу градови вчера имаше митинзи за поддршка на соборениот претседател Мухамед Морси.
XS
SM
MD
LG