Достапни линкови

Најмалку 7 луѓе загинаа во Турција


Најмалку 7 луѓе загинаа, а десет се ранети во вооружен судир меѓу две семејства во село во округот Диарбекир, во југоисточна Турција. Причината за судирот е одлуката на тројца членови од едното семејство да се приклучат на Курдската работничка партија јавуваат турските медиуми. Во судирот, во кој биле употребени автомати Калашников, биле убиени двајца членови од семејството на Угурлу и неколкумина роднини на Текин. Четири од жртвите се жени.
Во Турција е во ек процесот на преговори за мирно надминување на курдскиот конфликт со лидерот на курдската партија Абдула Оџалан. Курдските бунтовници во мај почнаа да се повлекуваат од турска територија во првата етапа од спогодбата меѓу лидерот на ПКК и владата за надминување на конфликтот.
XS
SM
MD
LG