Достапни линкови

Иванов: Институциите да го подобрат животниот стандард на војниците


Горд сум на Армијата и верувам дека ќе дојде денот кога кон успешното учество во мировните мисии и бројните индивидуални одличја ќе се придодаде и колективното признание кое сме го заслужиле – полноправното членство на Македонија во НАТО. Ова го истакна претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на централната свеченост по повод роденденот на АРМ - 18 Август. Иванов посочи дека без континуирано вложување во Армијата, стекнатата реформска кондиција може лесно да се изгуби.

„Како врховен командант на вооружените сили, цврсто сум уверен дека институциите во РМ надлежни за обезбедување финансиски средства, треба да преземат одредени мерки за подобрување на животниот стандард на припадниците на нашата Армија“, рече Иванов.

На свеченоста се обрати и министерот за одбрана Талат Џафери, кој се осврна на историјатот на АРМ и на потребата од модернизација на војската.

„ На АРМ на РМ и се неопходни современи оклопни транспртери, радари, транспортни возила, комуникациска опрема, хеликоптери,..... Како МО имаме обврска да ги фокусираме расположивите ресурси кон исполнување на приоритените потреби и користејќи ги меѓуанродните иницијативи за националните ресурси, како што е концептопт на НАТО за паметна опрема, истакна Џафери.
XS
SM
MD
LG