Достапни линкови

Комшиќ: Ако Република Српска се одвои од БиХ, ќе се разгори војна


Претседателот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, изјави дека во случај Република Српска да се обиде да се отцепи, тоа „сигурно води во војна“. Тој во интервју за сараевски весник оцени дека во случај на отцепување на Република Српска секој кому БиХ му е важна би зел оружје в раце. „Будала е оној кој мисли дека нема да биде така доколку се обиде да отцепи дел од земјата. Можеме да се надмудруваме, препираме, караме... Се‘ нешто може, иако тоа ’сешто’ најчесто е бесмислено. Но да се цепи земјата, тоа сигурно води во војна. Затоа тоа е глупава политика“, изјави Комшиќ. Тој целокупната состојба во државата ја оцени како загрижувачка.
XS
SM
MD
LG