Достапни линкови

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не сака решение за 24-ти декември


Со лиферување на лажни информации со кои се обвинува СДСМ за нефункционирањето на Комисијата за 24 декември, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не само што сака да ја избегне одговорноста туку и дека никогаш искрено немала намера да ги исполни своите обврски и да го испочитува договорот постигнат на први март. Ова на прес конфренција го изјави портпаролот на СДСМ Петре Шигелов. Тој додаде дека натамошното функционирање на Комисијата, по повлекувањето на претседателот Давитковски, е одговорност на власта и претседателот Иванов, чијашто обврска е именувањето прв човек на Комисијата а премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се нервозни поради тоа што ги притиснаа роковите за заклучоци во врска со инцидентите, еден од условите што ѝ ги постави Брисел на земјава.
XS
SM
MD
LG