Достапни линкови

Одложен судскиот процес против Мубарак


Египетскиот суд денеска го одложи судењето на соборениот претседател Хосни Мубарак. По краткиот состанок во Судот, судијата Мухамед ал Рашиди соопшти дека следното сослушување ќе се оддржи на 25- ти август. Обвинетиот Мубарак и министерот за внатрешни работи не присуствуваа на денешното рочиште. При првиот процес во 2012 година Мубарак беше осуден на доживотен казна затвор но подоцна судот ја поништи пресудата и повторно беше стартуван судскиот процес. Мубарак е обвинет за убиствата на демонстрантите во 2011 година. Високи членови на Муслинаското братсво и соработници на соборениот претседател Мухамед Морси се сместени во истиот затвор каде што е притворен Мубарак.
XS
SM
MD
LG