Достапни линкови

Честитка од Иванов по повод денот на АРМ


Претседателот Ѓорге Иванов, по повод Денот на Армијата упати честитки до началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески и до сите припадници на Армијата. Со својата реформска посветеност, професионализам во извршувањето на одговорните задачи и постигнатите резултати во мировните мисии, Армијата на Република Македонија е ценет и посакуван партнер на Алијансата во одбраната на споделените вредности – мирот, безбедноста и демократијата, истакнува шефот на државата.
XS
SM
MD
LG