Достапни линкови

Најмалку 14 луѓе загинаа при напад во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека при два одвоени талибански напади загинале најмалку 14 луѓе. При првиот напад во провинцијата Хелманд, загинале 5 цивили додека при вториот напад во провинцијата Херат загинаа 9 работници. Полицијата соопшто дека Талибанци им го нападнале кампот на работниците со автоматски оружја и рачни гранати. Неодамна Обединетите Нации објавија компаративна анализа според која годинава за 23 проценти е зголемен бројот на цивилни жртви во однос на минатата. Според нивните податоци во првите 6 месеци од годинава загинале 1319 цивили а ранети се 2533 луѓе.
XS
SM
MD
LG