Достапни линкови

Египетската војска влезе во џамијата која беше под опсада


Египетските безбедносни сили изутринава влегле во џамијата во Карио каде што исламистичките демонстранти беа под опсада во текот на ноќта. Новинските агенции јавуваат дека војската го расчистила патот до Ал Фатех џамијата каде што стотици приврзаници на Муслиманското Братство се засолнија по вчерашното насилство при кое најмалку 80 луѓе загинаа. Само во изминатава недела над 700 луѓе загинаа при судирите меѓу подржувачите на соборениот претседател Мухамед Морси и безбедносните сили. Новинската агеннција АФП повикувајќи се на извори од министертвото за внатрешни работи, јавува дека над илјада подржувачи на Морси биле уапсени вчера.
XS
SM
MD
LG