Достапни линкови

Вучиќ: Србија и Црна Гора заедно ќе го дочекаат членството во ЕУ


Србија и Црна Гора ги оставија на страна сите некогашни разлики и политички несогласувања, и меѓусебно ќе си помагаат на патот кон европските интеграции, изјави потпретседателот на српската Влада Александар Вучиќ. Тој во интервју за црногорската телевизија, истакна дека очекува двете државите за неколку години „заедно да го дочекаат членството во ЕУ“. Вучиќ изјави дека надлежни органи работат на апсење на нарко босот Дарко Шариќ,и е изненаден од обвинувањата на функционерот на опозицискиот Демократски фронт на Црна Гора Небојша Медојевиќ дека заедно со премиерот Дачиќ го штитат Шариќ, и оти е „дел на балканската криминална конфедерација“.
XS
SM
MD
LG