Достапни линкови

logo-print

За наше добро: Млади, прошетајте малце!


Стефан Ристовски, координатор на дебатна програма во Младински образовен форум (МОФ).

Стефан Ристовски, координатор на дебатна програма во Младински образовен форум (МОФ).

По секоја посета на странска држава се чувствуваме исполнети. Секоја авантура во странство ни ги отвора телото и умот, ни ги полни срцето и душата. Исто толку важно е што ни се полнат профилите на социјалните мрежи и телефонските именици со пријатели од цел свет кои ќе ни ги пружат истите задоволства доколку ги посетиме пак, или уште подобро, да ги поканиме кај нас дома, пишува во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа, Стефан Ристовски координатор на Дебатна програма во МОФ.

На 12-ти август се одбележа Меѓународниот ден на младите, со мотото: „Миграција кај младите: Придвижувајќи го развојот напред". Навистина не му дадов големо значење на овој ден, не ги ни посетив настаните кои се одржаа во текот на денот. Но, она што го привлече моето внимание е темата која ја одбраа Обединетите нации за оваа година, веројатно избрана во вистински момент.
А поимот миграции, скоцкан во примери, би значел пиво на плоштад во Прага, луле на плажа во Португалија или на планина некаде во Швајцарија, музика и журка во некое диско во Амстердам/Берлин, семинари, студии, работа низ Европа/Америка/Азија/Австралија/Африка, дечковци и девојки кај ти се посреќило, кај ти се сакало...Едноставно начинот на кој ги доживуваме миграциите се разликува од оној на останатите.

Официјалните статистики велат дека денес има 27 милиони мигранти-млади и сигурно уште неколку пати повеќе повремени миграции на младите, што значи дека многу значајна, многу кул демографска група е значаен дел од целосната бројка на мигранти. Па решив да напишам еден текст во кој ќе ги елаборирам моите гледишта за „големите преселби на младите“ и ефектите од истите. Убеден сум дека миграциите на младите се една од клучните карактеристики кои не прават различни од другите демографски групи во општеството и услов за унапредување на општеството..

За разлика од научниците, поимот миграција за нас младите има различна дефиниција. Ако миграциите во науката се дефинираат како движење или преселување на населението, од едно во друго место, а за постарите одмор од проклетото секојдневие, за нас овој поим има друго значење. Ние би рекле дека миграцијата се сведува на добра дружба и забава, запознавање нови луѓе, нови градови, нова природа - едноставно добар провод во странство. Разбираме дека миграциите ги вклучуваат и прошетките Скопје - Битола/Тетово - Струмица, но овие во странство ни се подраги. Веројатно затоа што поретко ни се дава шанса да патуваме во странство. А поимот миграции, скоцкан во примери, би значел пиво на плоштад во Прага, луле на плажа во Португалија или на планина некаде во Швајцарија, музика и журка во некое диско во Амстердам/Берлин, семинари, студии, работа низ Европа/Америка/Азија/Австралија/Африка, дечковци и девојки кај ти се посреќило, кај ти се сакало... Едноставно начинот на кој ги доживуваме миграциите се разликува од оној на останатите.

Лесно е да се разбере разликата помеѓу начинот на доживување на миграциите кај младите и старите. Но зошто велам дека тие се услов за унапредување на општеството?

По секоја посета на странска држава се чувствуваме исполнети. Секоја авантура во странство ни ги отвора телото и умот, ни ги полни срцето и душата. Исто толку важно е што ни се полнат профилите на социјалните мрежи и телефонските именици со пријатели од цел свет кои ќе ни ги пружат истите задоволства доколку ги посетиме пак, или уште подобро, да ги поканиме кај нас дома. И така, најчесто несвесни за процесот низ кој сме поминале, а благодарение на добриот провод во странство сме надминале преку разликите и стереотипите кои сме ги имале спрема некого и сме постигнале меѓусебно разбирање и прифаќање на различностите кои ги носат белезите на поединците.
Па затоа кога им раскажуваме на домашните дека Грците не се лоши луѓе велат дека сме во заблуда...Ако им кажеме дека Скандинавците не се ладни луѓе или дека има многу Кинези кои се атеисти не затоа што владетелот вели така, се чудат...ама ако. Ние сме тие кои имаме доказ, ние сме тие кои виделе и разбрале, а тие се оние кои и понатаму ќе претпоставуваат.

Немајќи јазична бариера, немајќи закоравени вредности и стереотипи за различните култури и општества, немајќи предрасуди за тоа кој е лош и добар или кој е пријател или непријател слободно се поврзуваме со странците и погледнуваме во нивните карактери без да ги судиме однапред. Па затоа кога им раскажуваме на домашните дека Грците не се лоши луѓе велат дека сме во заблуда... Ако им кажеме дека Скандинавците не се ладни луѓе или дека има многу Кинези кои се атеисти не затоа што владетелот вели така, се чудат... ама ако. Ние сме тие кои имаме доказ, ние сме тие кои виделе и разбрале, а тие се оние кои и понатаму ќе претпоставуваат.

По секоја посета на странска држава се чувствуваме попаметни. Секоја авантура во странство ни ја зацврстува слободата, ни ја унапредува креативноста и не подготвува за вклучување во општествените текови дома. Сакаме да правиме пари, но го хејтаме капитализмот и големите корпорации. Сакаме да бидеме здружени, но го хејтаме комунизмот и единството на команда. Ги почитуваме постарите, но си ја цениме сопствената мисла и нашите убедувања. Не нè „боли за другите“, но редовно подаваме рака кога треба или сметаме дека е потребно. И спреми сме да ги дискутираме овие теми до 101 и назад, со секој и секого, само за да ја докажеме вистината и правилниот начин за постигнување на добрите намери во кои веруваме.

И така, најчесто несвесни за процесот низ кој сме поминале, а благодарение на добриот провод во странство сме се подготвиле да придонесеме за развој на општеството и унапредување на мислата на нашите дома, сме се стекнале со знаење и искуство за да отвориме нов бизнис или да го подобриме функционирањето на оној кој веќе го работиме и сме се охрабриле да притискаме кај „старите“ да ја модернизираат околината во која живееме. Па затоа кога раскажуваме дека има Грци кои ја прифаќаат нашата теза за името и дека можеме да разбереме што им е нив проблемот, пак не судат дека сме во заблуда... Ако им кажеме дека Скандинавците прифаќаат да оддаваат 50 отсто од свој приход на државата или дека Кинезите се спремни да работат за ниски плати ни се чудат... ама ако. Ние сме тие кои имаме доказ, ние сме тие кои виделе и разбрале, а тие се оние кои и понатаму ќе претпоставуваат.
Навистина е потребно да споделуваме идеи со луѓе од други општества, да ги прифатиме и внесеме позитивните вредности и практики од надвор-дома и да ги пренесеме истите од дома-надвор. Уште поважно е да ги прифатиме критиките за она што се случуваат кај нас и да настојуваме да ги промените тие работи!

Навистина е потребно да споделуваме идеи со луѓе од други општества, да ги прифатиме и внесеме позитивните вредности и практики од надвор - дома и да ги пренесеме истите од дома - надвор. Уште поважно е да ги прифатиме критиките за она што се случуваат кај нас и да настојуваме да ги промените тие работи! Сум сведочел на многу дискусии на темата македонското општество. Велат дека омраза спрема поединци или групи од заедницата, непотребни притисоци помеѓу различни групи од различни држави, слепо следење на идеите на старите се појави/чувства/размислувања кои не го исполнуваат човекот. Особено не младиот човек!

Да не примиш жена на работа затоа што жените можат помалку е малоумно. „Женската загриженост“ и „машката одлучност“ се индивидуални белези кои единствено пробуваат да ни ги наметнат затоа што веруваат дека така треба да биде. Да не можеш да ги поднесеш белите/црните/жолтите зашто тие се друга боја е необјасниво. Бојата на кожата е проблем кој донел само војни и омраза, а никој не знае за бенефит од оваа дискриминација. Да не помуабетиш со ЛГБТ фаци затоа што си стрејт или асексуален/асексуална и обратно е нечовечки. Сексуалната ориентација на другите нема да му наштети на вашето право на избор. Исмевање или омраза на христијани/муслимани/евреи/што и да е затоа што си будист/атеист/агностик/што и да е е некултурно. Секој треба да избере врз која религија или филозофија ќе ги гради своите вредности. Велат да не ги дружиш луѓето затоа што се побогати е завист, а посиромашни хипоркитски... Велат и дека била луда за коментирање политичката војна која постои во нашата држава. Едноставно моите пријатели од странство не го разбираат хејтот базиран на политички идеологии и непостоењето дебата помеѓу истите. За жал, велат дека сме многу назад.

Но се надеваат дека овие белези на нашиот систем ќе ги промениме ние- младите. Се надевам и јас!

Затоа сакам да ја адресирам потребата од запознавање на други култури и бенефитите од истите со поширока група на луѓе, не само со оние со кои се согласувам. Сакам на сите да им порачам:

Другари и другарки, драги соработници и љубови од дома и надвор, release yourself!

Шетајте и учете! Дискутирајте за проблемите и прифатете го мислењето на оние кои ви докажале дека не сте во право! Уживајте!

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG