Достапни линкови

logo-print

Протест во Атина по загинување на патник во тролејбус


илустрација

илустрација

Грчките власти времено запреа линија на тролејбус во западна Атина поради протест во врска со смртта на младо момче кое загина за време на проверка на билети. Полицијата соопшти дека линијата „Перистери“ се очекува да биде обновена подоцна денеска. Деветнаесет годишното момче загина откако вратите на тролејбусот неочекувано се отвориле и тој паднал, по кавгата со кондуктерот поради тоа дека немал билет. Околностите за инцидентот се уште се истражуваат.
XS
SM
MD
LG