Достапни линкови

Европската комисија не барала закони за медиуми


Гарантирањето на слободата на изразување и на другите фундаментални права е услов за една земја да и се придружи на Европската унија, но за тоа кога и како точно да се реформира закондавството за медиумите во земјата одлучуваат националните власти и чинители, стои во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје по последната дебата за предлог-законите за медиуми и за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од Делегацијата посочуваат дека подготовката на новите закони за медиуми кои ќе го заменат постојниот Закон за радиодифузија почнала во 2011 година, на иницијатива на националните власти и како што се наведува, не на специфично барање на Европската комисија.
XS
SM
MD
LG